Денес пороен дожд, в петок ветер и до 80 километри на час


dozd_1_7Во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне во јужните и источните делови  од државата, каде локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта и во петок наутро на планините и на повисоките места ќе има слаби врнежи од снег. Во петок ќе дува засилен до силен северен ветер со брзина до 80 километри на час.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1