Основниот суд Скопје 1 се очекува да изрече пресудата за случајот „Монструм“, откако првично закажаното изрекување беше одложено поради здравствени проблеми на судечкиот судија , Ивица Стефановски.
Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата се’ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани.
Тие се осудени на затворски казни од две и две и пол години затвор (од лани во март) за недозволено поседување оружје. Македонија веќе подолго време бара нивна екстрадиција, но, засега нема никакво официјално објаснување зошто тоа не се прави.Во судот во Скопје на клупата на обвинети денеска ќе бидат Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута. Тие тврдат дека се невини и дека се наместени.
Обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петтмината Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.