Денес собраниската седница за избор на новите министри и заменици


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за напладне ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри, во согласност со договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино. sobranie nadvor

Како што соопшти неговиот Кабинет на дневен ред на седницата се Предлог за избор на членови на Владата и Предлог за именување на заменици министри во Владата на Република Македонија.

Како што претходно беше објавено, согласно договореното министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата ќе биде Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ременски. Заменици министри исто така од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.

Се очекува на утрешната седница да биде пополнето и министерското место во Министерството за информатичко општество и јавна администрација по неодамнешната оставка на Иво Ивановски.

Претходно синоќа Собранието го изгласа пакетот закони кои исто така произлегуваа од Договорот од 2 јуни/15 јули.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1