Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, на планините со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и западен правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 16 степени, а дневната од 23 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во среда попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а потоа ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.