Денес сончево и ветровито – за викенд сонце со студени утра


Ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и постудено. Ке дува засилен северен и северозападен ветер, кој ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ке бидат во пад и ке се движат од -1°C до 6°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 6°C односно до 14°C.

sun windВо Скопје ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ке дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна температура ке достигне до 11°C.

Во сабота во утринските часови ке има појава на умерен мраз поради ниските утрински температури кои ке се движат од -6°C до 1°C, а во текот на денот ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува умерен северен и северозападен ветер. Максималните дневни температри ке бидат во благ пораст и ке се движат од 8°C до 16°C.

Услови за појава на умерен мраз ке има и во недела во утринските часови кога се очекуваат утринските температри да се движат од -4°C до 3°C, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот наоблачување. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер. Максималните дневни температури ке се движат од 9°C до 17°C.

http://weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1