Нестабилното време продолжува и денес. Не очекува претежно облачно време со локален дожд, а можна е и ретка појава на грмежи особено во попладневните часови.
Повеќе врнежи утре се очекуваат во југоисточните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 20 степени.
Од среда следува период на стабилно, суво и потопло време.