Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Повремено ќе дува засилен ветер од западен правец, особено во југозападниот дел од земјава.
Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност.
Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.
Во Скопје и околината сончево и топло, со услови за изолирана нестабилност во попладневните часови и со температура до 33 степени.
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.