Денес цел свет зборува за него – за кој политичар на сликата станува збор!


Додека сите жени лудуваат по него поради неговиот изглед и стил на облекување, неговите пријатели и блиски познаници тврдат дека тој е “многу повеќе од убава личност“ и дека со својата работа го заслужи успехот кој што го постигна. Се прашувате за кого станува збор?Aleksis-Cipras-2-620x350

Веројатно никогаш немало да ви падне на памет дека станува збор за лидерот на Сириза и актуелен премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Тој е роден во Атина во 1974 година, студирал градежништво на Националниот технички универзитет во Атина, а завршил и постдипломски студии по урбано и регионално планирање. Ципрас, исто така, работел како градежен инженер во градежната индустрија.

Како средношколец тој и се приклучил на младинската организација на комунистичката партија КНЕ, додека за време на универзитетските студии тој станал дел од обновеното лево крило на движењето.

Aleksis-Cipras-1-630x441

Во 1999 година, тој е избран за секретар на младинска организација на Синаспизмос, позиција на која остана до 2003 година.

Во 2004 година беше избран за член на Централниот политички комитет на партијата, а со тоа и на Политичкиот секретаријат, каде бил одговорен за образование и млади.

Две години подоцна, во октомври 2006 година, Ципрас е избран за советник во општината на градот Атина,откако освои 10,51 отсто од гласовите. Во февруари 2008 година беше избран за лидер на партијата Синаспизмос (Коалиција на левицата, движењата и екологија). Во октомври 2009 година е избран за пратеник во Парламентот под Сириза (Синаспизмос и другите партии на левите организации) и го презеде водството на парламентарната група на партијата.cipras

Во декември 2010 година, лидерот на Сириза беше избран за заменик-претседател на Европската Партијата на левицата, која во декември 2013 година го номинираше за кандидат за претседател на Европската комисија.
Ципрас живее со партнерка и е татко на две деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1