Денес забава и пикник на Водно


Со пикник, забава, планинарска и велосипедска трка Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ќе го прослави третиот роденден на жичницата „Милениумски крст“. Главниот настан е организиран на врвот на Водно и во тој контекст е именуван како „Прв до врв“.

vodno_zicaraУчество може да земат сите заинтересирани граѓани од 7 до 77 години.Појдовната точка на масовната планинарската трка за качување до врвот на Водно, а и велосипедската, е основното училиште „Kочо Рацин“ во 9 часот. Најдобрите ќе бидат наградени.

Церемонијата на доделување награди и прогласување победници ќе се одржи на пладне, при што во 12.30 часот на врвот на Водно ќе започне масовен олимписки пикник со богата забавна програма во рамките на кои ќе настапат познати диџеи и музички имиња.

На плоштадот Македонија е поставен отворен автобус на ЈСП, од каде што учесниците ќе може да ги подигнат стартните пакети – маица и број, заклучно со сабота.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1