Денес, 8 октомври, ќе се случи целосно затемнувањето на Месечината, последно за оваа година.
Затемнувањето ќе започне во 13:25 по локално време и ќе трае 59 минути, но нема да може да се набљудува од Македонија. Месечината, наоѓајќи се во сенката на Земјата, за неколку часа ќе ја покрие планетата Уран.
Еве што е астролошкото значење на овој настан.
Совпаѓањата на Месечината со Уран во знакот на Овен ќе донесат ненадејни издигнувања и падови во расположението, како и удари на свеста. Но тоа исто така сугерира и за можноста за промена и изградба на животот повторно. Единствено што се очекува од вас е да бидете искрени со себе, да ги пресметате во својот ум можните ризици, да бидете објективни, но најмногу – да верувате во себе!
Уран ќе ги награди оние кои дејствувале по моралните норми и имаат доволно духовен потенцијал, за да се справат со она што претстои. Не си дозволувајте размислување на темата „Колку е неправеден животот кон мене!”
Промените за кои станува збор ќе влијаат претежно на личните односи: љубовта, семејството, пријателствата.
Добро да направите една трезвена проценка и да помислите како би можеле да се менувате кон подобро со соодветната доза компромиси од ваша страна.
Сојузот на Месечината и Уран, сепак може да не натера да ги гледаме работите во посветли бои, отколку што навистина се. Она што треба да се пазите е импулсивност и донесување одлуки под притисок на емоциите.
Во исто време ќе чувствувате огромна потреба да излезете од рамките. Најдете начин тоа да се случи, па да придонесете за вашиот развој, без да ги повредите останатите. Најдоброто што можете да го направите е да се свртите кон креативната страна на вашата личност.
365.ком.мк