Денешен: Црвенковски за градоначалник на Карпош!


Ќе бидат ова најдраматичните избори во политичката независност на Македонија. Во голем дел од општините опозицијата ќе се пресметува сама со себе, но сосема извесно е дека четири општини ќе бидат вистински ринг за меѓусебно одмерување на силите. Куманово, Кавадарци, Ресен и секако Карпош. За да не се случи, во сите овие општини, СДСМ да биде трета партија по првиот круг од изборите, ќе мора раководството да ги подметне своите плеќи.

stevce brankoЕве на пример, ако за Куманово, Ресен, па и Кавадарци има свои профилирани канидати за градноначалници, во Карпош се уште нема. Главниот нивен адут, Стефчо Јакимовски сега е на спротивната страна. И против власта и против опозицијата. А, бидејќи лидерот на партијата е познат по принципите на непопуштање, би било навистина поразително, за него, да го врати Јакимовски, кој пред една недела го прогласи за предавник и платеник и сега со него да оди на избори во Карпош.

Затоа најдобрата опција за СДСМ за Карпош е Бранко Црвенковски. Да! Црвенковски треба да биде кандидатот за градоначалник на СДСМ за оваа општина. Не е тоа никаква научна фантастика, ниту пак потсмев со лидерот на најголемата опозициска партија. Црвенковски и на минатите избори, но и на овие избори е лидер на опзоцијата, а постојано потенцира дека несака никаква политичка функција за себе.

На тој начин лидерот на партијата ќе покаже дека е дел од активниот изборен процес и дека и тој ќе ја преземе насебе одговорноста во евентуален пораз, или пак триумфот во еветуална победа на локалните избори.

Бранко Црвенковски наспроти Стефчо Јакимовски од една страна и наспроти Јагнула Куновска – ВМРО-ДПМНЕ од друга страна, ќе биде апсолутно најдобрата прилика, на терен, за проверка на неговата политичка филозофија изминативе неколку месеци.  Изборите во Карпош ќе бидат многу повеќе од локални избори за СДСМ. Тоа ќе бидат избори за идната основа по која ќе продолжи опозициската партија. Победата на Јакимовски во тој изборен процес ќе значи неминовно негово профилирање во нов лидер на опозицијата, затоа што за разлиака од другите евентулани наследници на Црвенковски, како што се споменуваа, Заев, Петров, Георгиев, Јовановски, Ивановски…, неговата одлука да оди сам наспроти Црвeнковски на избори, значи добра позиција за излегување од сенката на лидерот. Нешто, што без дилема му е потребно на СДСМ.  И токму до тие причини, Црвенковски треба сам да бара кандидатура во Карпош. Тој или Јакимовски?

Извор: Денешен.мк (Марјан Николовски)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1