Денеска е 25. мај – Ден на младоста во поранешна Југославија


Денес е 25 мај – денот на младоста во едно минато време на кое постарите генерации со носталгија се сеќаваат.

Никој нема лоши спомени за црвените марами, капи – па и крем бананчиња кои ги даваа на секој пионер. Тоа беше возбуда, срцата чукаа како луди, се вежбаше дома пред огледало да не се погреши заклетвата –

tito-4Денес кога станувам пионер
давам чесен пионерски збор
дека ќе учам и работам
и ќе бидам добар другар

дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија
дека ќе го развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито
дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
кои сакаат слобода и мир !!!

Централниот настан секогаш беше на некогашниот стадион на ЈНА во Белград, каде што пионерите, младинците и припадниците на сите родови на војската и морнарицата изведуваа слет, а на Тито му беше врачувана штафета. Штафетата секогаш тргнуваше од различно место и од различна република, но секогаш беше масовно и со радост пречекувана во главните градови на поранешна Југославија, како и во помалите места.

Во Кумровец, родното место на доживотниот претседател на СФР Југославија, во хрватско Загорје, денеска се одржува традиционална прослава на Денот на младоста, под мотото „Во младоста е радоста – во радоста е младоста“.

На Македонските форуми преполно со носталгични сеќавања за тоа време – еве дел од нив.

tito stafeta

 – Сите можеле во тоа време безбедно да шетаат каде сакаат, за разлика од денес, кога не знаеш на првото ќоше што ќе те снајде…Сите оделе по одмори, уживале, земале државни кредити, си ги реновирале куќите, купувале коли, јаделе, пиеле….

– Дома кај мене повеќепати се дикутирало за тие убави времиња! Татко ми е тежок носталгичар за Југолсавија и често знае да направи споредба на ова што се случува денес и она што се случувало во времето на Тито! Споменуваа и некои ,,работни акции,, од тие времиња и многу убави спомени од истите акции! За песните пак ич муабет да не правам! Многу често се случува татко ми да дофрли(со мала доза на иронија): Слушате песни од нашето време, југословенски се тие песни! ;)

– Носталгична сум затоа што тоа беше време кога сите имаа гарантирана работа, кога светот ни беше отворен на дланка. Каде сакавме можевме да одиме. Тоа беше време кога југословенскиот пасош беше навистина почитуван. Тито ваков таков, ама ете, уште една работа ни среди во светот.
Носталгична сум по задолжителните часови по српско-хрватски и словенечки. Секој јазик е за мене богатство

tito-2– Зборовите на бабите, мама и тато како се живеело тогаш, ги сфаќам само како блага утеха дека нивното вчера може да биде наше подобро утре. Дека Југославија било се што му треба на еден човек со развиени чувства. Да има желба да работиш, дури и по 20 часа, не гледаш замор колку што чувствуваш задоволство да си ги видиш рацете црни и изморени… да легнеш на улица, утрото нема да се разбудиш ограбен или мртов, туку со ќебе покриен и заштитен…
Да, сега има насилство, интерес, злоба, себичност. Не дека тогаш немало, ама се се држело под контрола.

– А за Македонија во рамки на Југославија, е тука има што да се каже. Кажав и претходно во еден пост – да не беше Тито, немаше и ние да постоиме. Колку што направил Тито за Македонија, не сторил ни Гоце, ни Филип, ни Коле и Бране ќе сторат.
Зел една трошка земја преостаната од Македонија, поделена со Букурешкиот договор за да ја зачува, не да ја припои кон својата.

– Да се прашувам јас, назад во Југославија.
Да се прашувам јас, да воскресне Тито.
Да се прашувам јас, да оживее Голи Оток.

– Факт е дека тогаш подобро се живеело, скромно и среќно, меѓутоа било и поминало. Враќање назад нема. Како и да е, со задоволство ги слушам приказните од тоа време, кажани од постарите, па макар тоа било и по стоти пат.

krag84– Јас сум родена `81 год…како може да не се сеќавам на самата церемонија…ма тоа беше нешто прекрасно, 7 годишни дечиња со титовки на главчињата, со црвени марами и книшка во раце…па колку гордо само стоев додека ме сликаа. Имам сестра близначка, а инсистирав сама да се сликам…гордо со капчето и книшката на чело..

– Жалам и тагувам за тоа време…жалам затоа што тогаш имало за сите…немало строга поделба на богати и сиромашни, се имало за сите, сите работеле…Се ценел трудот, се ценел способноста…

– Се сеќавам на изреката Братство -Единство, се сеќавам и на наше море, на Бечичи,…се сеќавам и кога пред 6-7 год. бев на одмор во Бугарија и кога се запознавме со Пирочани ни рекоа-па ви сте наше бре!!!

– Се сеќавам и на приказните на тато за штафетата на младоста, како сите чекале Тито да помине и да им мафне, на работните акции, се сеќавам и на приказните за ЈНА-задолжителна војска нема трте мрте,  устај војско!

– И морам да ги спомнам- Жикина династија, Тесна кожа, Хајде да се волимо, а од детските емисии-Полетарац и Бранко коцкица.

– Можеме колку сакаме да го оспоруваме Тито и начинот на кој владеел.Но човек да држи народ од 22 милиони,да живеат сложно,различни култури,народи,народности,религии,племиња, и притоа сите да се еднакви, е богами на човекот треба да му се симне капа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1