Денеска е Света Петка – заштитничка од несреќи и болести


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, денот кога православните христијани го слават празникот Св. преподобна маченичка Петка.sv petka

Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука е и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух.

Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1