Денеска јадете јачменов леб – еве зошто


Денеска православните христијани го празнуваат Св. рамноапостол Аверкиј.

Црквата го нарекува рамноапостол заради неговите успеси во проповедта на Евангелието, слични како на апостолите. Во време на император Антонин беше епископ во Ерапол, Фригија. Заради неговиот доблесен живот и чудата што ги правеше во Христово име, малку по малку се крсти целиот Ерапол, инаку до тоа време скоро чисто пагански град. На старост бил повикан во Рим, каде што ја исцелил полудената царева ќерка. Го проповедал Евангелието и во Сирија и Месопотамија. Овој Христов светилник се пресели во небесните населби кон крајот на вториот век, откако доживеа длабока старост.318298-85996

Кога Аверкиј исцелил некој кнез од нечистиот дух, тој сакал да му поклони десет литри злато. Светителот не го прими златото, туку му покажа леб од јачмен на кнезот и му рече:

„Тие кои се хранат со ваков леб, на златото гледаат како на кал!“

Во староста Аверкиј во Рим ја исцелил ќерката на царот, па тој му подарил голема награда, а светецот му рекол:

„Не му е потребно богатство на оној кој лебот и водата ги смета за царски оброк“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1