Денеска ќе биде погребано детето кое загина во лифт


Денеска ќе биде погребано телото на шестгодишното дете, кое го загуби животот во неделата во лифт, од засега се’ уште непознати причини.lift dupka

Обдукцијата е завршена – информираат од Институтот за судска медицина, а резултатите ќе бидат доставени. Во меѓувреме се врши и вештачење на лифтот, за да се утврди причината за несреќата и кој ќе ја понесе одговорноста за смрта на шестодишникот.

Она што е познато е дека сигурносните врати на лифтот не работеле, лифтот не бил технички исправен, но останува отворено прашањето зошто бил оставен на користење на станарите доколку не бил во исправна состојба. Граѓаните на Куманово во чии згради има лифтови се уплашени и велат дека немаат сигурност по трагичниот настан да ги користат лифтовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1