Денеска никако НЕ почнувајте со работа – Нека не ве бие малер цела година- еве што не треба да правите


Првите денови од септември спаѓаат во варовни денови. Станува збор за стар обичај на почитување на денот во неделата во кој паѓа големиот празник Отсекување на главата на Св. Јован (кој се слави на 11 септември).

На денешен ден посебно се почитуваат народните лекари, берачи на лековити билки и лица кои се занимаваат со баење зошто се верува дека имаат големи моќи во варовните денови.rabotnici

Исто тaка денеска не треба да се почнува никаква работа, зошто народот вели се што е заполната во варновни денови нема да биде среќно. Исто така народот верува дека така може да се навлече несреќа, малер па ниту една работа во текот на годината да не им појде од рака.

Оваа варовна недела спаѓа во времето на Меѓудневицата, период меѓу Големата и Малата Богородица. Ако верувате во овие обичаи, денеска е вистинско време да отидете во шума и да наберете повеќе билки, а вашиот дом не треба да остане без ајдучка трева, цветови од липа, дрен, шипка, оскоруши и мали зелени лубеници.

Се смета дека овие билки ќе донесат среќа во секое семејство, а тие и се народни лекови за лекување на многу болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1