Според народните верување, се верува дека денеска ден пред Бадник, односно два дена пред најрадосниот христијански празник Роженството Христово – Божиќ не треба вашето дете да добие некоја рана.
Исто така на овој ден се подготвува мрсна трпеза за Божиќ. На мрсната трпеза обично се коли прасе или јагне, а некои пак подготвува кокошка, гуска или мисирка. Се верува дека овој ден е поврзан со колење т.е правење курбан.
Исто така на овој ден се верува дека не треба да ги карате или тепате вашите деца бидејќи цела година ќе биде тешка.