Времето во Македонија ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 34 степени.
Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемената облачност ќе остане и во ноќта кон петок.