Денеска се слави Светиот маченик Александар


Од градот Сида Памфилиска. Намесникот на царот Аврелијан го запраша кој и што е тој. На ова Александар му одговори дека е пастир на Христовото стадо. „А каде е тоа стадо?“, беше следното прашање. Александар одговори:

„Низ целиот свет живеат луѓето коишто Христос ги создаде; од нив оние што веруваат во Него се Неговите овци, а тие што се отпадници од Создателот и им робуваат на созданијата и на делата на рацете човечки, на мртвите идоли, како што правите вие, тие се отуѓени од Неговото стадо и на Страшниот Суд ќе застанат од Неговата лева страна како кози“.sv aleksandar

Злобниот судија нареди најпрво да го бијат со воловски жили, а по ова го фрлија во огнена печка. Но огнот не му наштети. Потоа му го стружеа месото. Најпосле судијата нареди и му ја отсекоа главата. Но штотуку ја изрече таа пресуда судијата подлегна под злиот дух и побесне. Како што урликаше го поведоа накај неговиот бог идол, но патем ја испушти својата зла душа. Свети Александар пострада меѓу 270 и 275 година.

Светиот маченик Никандар Мисирец

Му ја дереа кожата, а потоа го заклаа заради верата во Христа. Го судеа затоа што како лекар им помагаше на христијанските маченици и чесно ги погребуваше телата на погубените. Чесно пострада во 302 година.

Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а с ѐ уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода. Но се крстија со крв. Еден ден овие седум момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“ Залудни беа ласкањата и заканите на Урбан. На овие момчиња им се придружи и угледниот граѓанин Агапиј, кој дотогаш доста страдаше за Христа и почна уште повеќе да ја распалува кај нив верата и љубовта кон Господ. Беа сите убиени со меч во 303 година, кога заминаа во Небесното Царство на Господ Христос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1