Денот на дрвото ќе се одработува наредната година


Денешниот работен ден кој беше посветен на акцијата Ден на дрвото ќе се одработува во текот на наредната годна, а конкретниот датум ќе биде дополнително утврден и соопштен, одлучи Владата.den-na-drvo-2

– На седницата одржана на 25 ноември 2016, Владата донесе одлука денешниот ден, 30 ноември 2016, да биде прогласен за неработен ден и да биде посветен на акцијата Ден на дрвото. На истата седница беше заземен став работниот ден за одработување на денешната акција да биде во текот на следната година и беше заклучено одлуката за конкретниот датум да се донесе дополнително во следниот период. По носењето на конкретната одлука, Владата соодветно ќе информира, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1