Денот на крстот- заштитен знак на општина Ѓорче Петров


Во месноста Јазбине во селото Кучково денеска се одржа 12. манифестација Ден на крстот.Според организаторите Општина Ѓорче Петров, на манифестацијата присуствувале над пет илјади гости од повеќе градови од земјата, кои ги забавуваа естрадните уметници Лозано, Ена, Академци, Круме Спасовски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Владо Дојчиновски.gjorce-petrov1-640x480

Во спортскиот дел на програмата, каде се негуваат старите народни спортски игри учествуваа четири екипи: домаќините од Ѓорче Петров, екипите на ЕБР, АРМ и професори по физичко образование од општинските училишта, кои го освоија третото место. Втори беа општина Горче Петров, а првото место го освоија припадниците на ЕБР. Екипите се натпреваруваа во шест дисциплини: тегнење со јаже, фрлање камен од рамо, тегнење со стап, трчање во вреќи, скок во далечина и пилање на труп.

На манифестацијата беа доделени и голем број благодарници и плакети на долгогодишни поддржувачи и помагачи во реализирање на овој најголем настан во скопско и пошироко, а на Архиепископот г.г. Стефан , градоначалникот на општината Сокол Митровски, му додели и подарок по повод неговиот 62 роденден и му се заблагодари за долгогодишната поддршка на овој народен собир.

Општината и оваа година за секој посетител обезбеди бесплатен оброк-војничко гравче со месо, свежо кромитче и леб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1