Тројца мажи со примена на сила, биле исфрлени од фестивал на култура во Саудиска Арабија, заради загриженоста дека се „премногу згодни“ и постои ризик дека жените нема да можат да им одолеат.
Религиската полиција од тоа конзервативно исламско кралство, натерала тројца мажи од ОАЕ да го напуштат Фестивалот за култура и наследство во Ријад.
Комисијата за промоција на добрите навики и превенција од пороци во Саудиска Арабија, депортирале мажи во Абу Даби за да „не се палат“ жени на нив. Тие на фестивалот биле дел од делегацијата на ОАЕ, објави Телеграф.
Арапскиот весник Елап објави дека според официјални лица, тројца мажи биле исфрлени од фестивалот бидејќи се премногу згодни, а членовите на Комисијата се уплашиле дека посетителките може „да паднат на нив“.