Mеѓуетничките односи се крајно влошени и јас мислам дека од септември може да очекуваме уште повеќе влошувања – вели Џабир Дерала, претседател на Центарот за слобода – Цивил во интервју за радио Слободна Европа
Како што објаснува, го споменува септември бидејќи тоа е период кога се наближува и годишниот извештај на Европската Комисија за прогресот на Македонија.
– Тоа е период кога гледаме дека ќе започнат сериозни процеси, односно многу рокови за обврски кои ги презеде владата, почнувајќи од настаните од 24 декември, завршувајќи со другите обврски кои ги има преземено јавно и на меѓународна сцена. Тука е проблемот со името, тука се сè погласните барања на етничките Албанци од коалициониот партнер во владата, конечно да почнат да се занимаваат со нивните проблеми, а не да случат како оружје на поголемата партија, односно на вистински владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ – вели Дерала.