Десет трудници се избркани од работа во фабрика во Крива Паланка, јави ТВ Стар.
Тие од пред два дена повторно се на евиденција на Агенцијата за вработување, а едниствена причина за тоа е одлуката да станат мајки.
Жените јавно побарале помош од Здружението за заштита на текстилни работнички од Штип.
„Завчера се избркани 10 бремени жени, значи имаме прекршување на договорот за вработување и покрај тоа што е кажано дека за време на бременоста жената нетреба да се избрка од работа“ – вели Горан Трајков, од Здружени за заштита на текстилни работнички.
Ова е само еден од примерите за тоа како се кршат човековите права во дел од македонските фабрики. Состојбатае влошена во последните неколку години, а кршењето на работничките права е пропорционално со падот на стандардот:
„Поради сиромаштијата луѓето прифаќаат да работат и повеќе часови и да не бидат плаќани соодветно“ – кажа Уранија Пировска, претседател на Хелсиншки комитет.
Но, ниту еден од нив јавно не зборува за проблемите, уште помалку официјално ги пријавува во инспекција, кај народен правобранител или Хелсиншки комитет.