Француската полиција објави потерница по црно возило марка „сеат. Со странски регистерски таблички, за кое се верува дека е поврзано со вчерашните терористички напади во Париз.
Би -би -си пренесува дека возилото имало таблички GUT 18053 и метални раткапни, додека француските медиуми објавија дека кај еден од напаѓачите кај фудбалскиот стадион е пронајден сириски пасош. Ова се воедно и првите и официјално потврдени информации за напаѓачите во Париз.
Според француските аналитичари, терористичките напади се „домашна операција“, односно дека се работи за терористи кои живееле во Франција.
Уште еден пасош е пронајден врз телото на бомбашот-самоубиец кој синоќа изврши еден од нападите во Париз, а му припаѓа на египетски државјанин.
Француската полиција го откри идентитетот на еден од терористите кој стои зад нападот во концертната сала Батаклан во Париз, Тој е идентификуван со помош на отисоци од прстите и е француски државјанин.
Властите не го соопштија името на напаѓачот.
Засега единствено е познато дека во вчерашите напади осуммина се убиени или се самоубиле со активирање на експлозив, но не е познато дали имале соучесници.