Детали за девојката која вчера се фрли во Вардар од Камениот мост


Вчера околу 13.30 часот пријавено е дека во реката Вардар, во центарот на Скопје, има лица кои што бараат помош, стои во официјалното соопштение од МВР за настанот.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека М.А.(27) скокнала во реката, по што нејзиниот татко М.А.(44) и случаен минувач ја извадиле од водата.

Со итна медицинска помош М.А.(27) е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Инаку вчера медиумите објавија сведочења на очевидци кои велат дека две лица успеаја да спасат дваесет и седумгодишна жена. Откако успеале да ја извадат жената од водите на Вардар, нејзиниот татко ѝ удрил ќотек и викал по неа, сведочат очевидци. При обидот за спасување, жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката.

Потоа во водата влезе уште еден човек кој им помогна да стасаат до едно од островчињата што се создадени во реката, а потоа и трет кој заедно со двајцата спасувачи ја донесе младата жена на брегот на реката Вардар.

Откако беше извадена од водите на Вардар жената со Брза помош беше однесена во ГОБ „8 Септември“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1