Детали за експлозиите во близина на полициските станици во Тетово и Куманово


Во близина на полициските станици во Тетово и во Куманово синоќа нешто по 21 часот се слушнале две експлозии. Од МВР потврдуваат дека детонациите се во близина на станиците и демантираат дека тие биле мета на нападот, пренесува МИА.

– Слушнати се детонации во близина. Не е регистрирана никаква штета. Додека не заврши увидот не можам да дадам никакви дополнителни информации, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

274-620x293

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски синоќа изјави дека изминатата ноќ нешто по 21 часот силна детонација се слушнала надвор од кругот на СВР Тетово покрај оградата во близина на влезот во дворот.

– Полицајците кои во тоа време биле во и околу зградата на полицијата веднаш излегле надвор но не забележале никого. На местото од детонацијата бил извршен увид од страна на екипа на СВР Тетово и единицата за антитероризам на МВР за да се утврди што ја предизвикало. Подоцна во увидот се вклулчил и јавен обвинител. Според првичните информации од детонацијата нема пронајдено кратер ниту некави шрапнели ниту пак има повредени, рече Јосифоски.

Повеќе информации што ја предизвикало детонацијата и други поединости за случајот од полицијата најавија во текот на денов.

Според кумановските медиуми, рачна бомба била поставена во шахта во близина на основното училиште “11 Октомври“, но таа информација се уште не е потврдена.

Според неофицијални информации, објавени на порталите на албански јазик, врз двете полициски станици се фрлени рачни бомби “кашикари“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1