Автобус со српски регистарски таблиции во неделата пред 16 часот се запали и целосно изгоре на планинскиот премин Стража.
Како што информираат од СВР Охрид, во пожарот нема повредени.
„Пожaрот избил во пределот на моторот. Благодарение на присебните возачи сите патници се извлечени од опожареното возило на време. Во пожарот изгорел багажот и лични документи на патниците“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Извршен е увид и истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.