Во Скопје во близина на автобуската постојка пред Градска општа болница-Св.Наум Охридски, синоќа околу 23,35 часот две непознати лица кои биле со моторцикл пукале од огнено оружје кон патничко возило „БМВ“ сопственост на А.И. од Скопје, а управувано од С.К. (18) од велешкото село Бузалково.
МВР денеска соопшти дека нема повредени и извршен е увид на лице место. Пронајдени се три чаури и искршено е стаклото од автобуската постојка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.