Детали за разбојништвото во Велес: Украле 4 милиони, па ги оставиле


Министерството за внатрешни работи денес информира дека двајцата разбојници кои вчера ограбија возило на Агенцијата за обезбедување „Перпетум мобиле“ се пронајдени. Станува збор за А.К.(19) и Ќ.А.(25) двајцата од Скопје.

Имено, како што е познато вчера околу пладне на ул.„Алексо Демниевски“, спроти спортската сала „Гемиџии“ во Велес додека М.Ј.(28) и З.П.(24), вработени во Агенцијата, стоеле со службеното возило на пешачки премин, биле нападнати од две непознати лица.razbojnistvo-kola14549377411454937119_thumb_medium490_0

Маскираните и вооружени разбојници заканувајќи се им се со пиштол на двајцата вработени, од автомобилот одзеле 4 касети со пари во кои имало околу 4.000.000 денари, пари наменети за банкомати. По ова крадците парите ги ставиле во нивен автомобил „Рено“ со кое се упатиле во правец на градскиот парк.

Откако забележале дека ги следи полициско возило, истите на паркинг во близина на паркот го оставиле автообилот во кој биле кутиите со парите и со трчање избегале.

Полицијата ги пронашла разбојниците во напуштена куќа поточно во подрумот, по што е утврден нивниот идентитет.

Воедно пронајдени се и пиштол „Валтер“ кал7,65мм со рамка со 7 куршуми и еден сигнален пиштол „Блов“ кал.9мм со рамка и еден сигнален куршум.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1