Сите гимназијалци кои од септември ќе се запишат во прва година, отсега, наместо во третата како досега, ќе треба да одберат насока уште при запишувањето, велат од Бирото за развој на образованието за Дневник.
Средношколците досега имаа време до трета година да одлучат дали повеќе сакаат да изучуваат природни науки и математика или ќе одберат хуманитарно- општествени науки или јазици и уметности.
– Всушност, ништо не се менува во начинот на упис во гимназиите, освен во начинот на кој ќе се образоваат. Учениците ќе избираат уште при поднесување на документите, дали, на пример, ќе учат по Б-програма или ќе имаат помал фонд на часови по математика и предмети од општествените науки или ќе избираат А-програма каде што ќе има повеќе часови по овие предмети.
Во определувањето ќе има влијание и успехот на учениците што го постигнале во основно образование каде што веќе се работи според програмата „Kембриџ“.
Значи, ако некој ученик имал помал успех, на пример по математика, предност при запишувањето ќе имаат оние што имале повисоки оцени.