Едно лица загина, а друго е тешко повредено во сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино – Демир Капија, потврди директорката на Здравствениот дом во Кавадарци, Билјана Филипова.
Според Филипова, тешко повреденото лице, од кавадаречката болница е пренесено на скопските клиники.
Како што претходно информира МВР, се судриле џип „хјундаи” и „голф”.