Утринава во Битола се случи тешка сообраќајна несреќа, кога возило Фолксваген Пасат удри во дрво.
Од силината на ударот на лице место животот го загуби совозачот, 44 годишна сопруга на возачот на автомобилот. Возачот, 49 годишен жител на Крани, преспанско со тешки повреди е пренесен во болница за добивање на медицинска помош.
Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.