Детали за трагедијата во Капиштец, според очевидци жртва е 25 год девојка (ВИДЕО)


Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај трговскиот центар „Зебра“ во центарот на Скопје.

Несреќата се случи во 20 часот и 22 минути на улицата „Васил Ѓоргов“ во населбата Капиштец, а едно женско лице е загинато, соопштија од полицијата.Screenshot_144

Според првичните информации девојката стоела кај пешачкиот премин спроти хотелот „Квин“, а возачот на автомобилот „опел корса“ најверојатно изгубил контрола врз возилото и удрил право во неа, по што влетал во излог на еден од дуќаните кои се наоѓаат во околните згради.

Од силината на ударот девојката починала на лице место, а според очевитци станува збор за девојка на возраст од околу 25 години.

Возачот кој најверојатно се движел со преголема брзина е пренесен во болница.

Случајните минувачи притрчале да и помогнат на девојката , но по само неколку минути , веќе не давала знаци на живот. Возачот и неговата сопатничка поминале без повреди , а според очевидците тој бил однесен на токсикологија под претпоставка дека возел во алкохолизирана состојба и немал воопшто контрола над возилото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1