Детали за трагедијата во која загина 18-годипна битолчанка. Според информациите на МВР, на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Тополчани, вчера околу 11 часот се случила сообраќајна незгода во која О.М.К. (38) од Битола, управувајќи патничко возило „Фиат Браво“ со битолски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубила контрола над возилото и излетала од патот.
Возилото неколку пати се превртело, а совозачот Ј.К. (18) испаднала од возилото и починала на местото на настанот. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. О.М.К. била пренесена во Медицински центар Битола каде не и биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.