Детали за убиството во Охрид: Ќерката го пронашла безживотното тело на мајка си


Во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид заедно со екипа на крим техника од МВР, изврши увид на лице место во стан каде беше пронајдено безживотното тело на шеесет и шест годишна охриѓанка.svr ohrid

Настанот го пријавила ќерката на почината жена, која откако не можела да ја најде мајка ѝ по телефон влегла во станот во кој веќе било телото на починатата.

При извршениот увид е констатирано дека на телото на починатата има видливи траги од насилство и дека во станот во кој таа е пронајдена е извршено разбојништво. Обвинителството нареди обезбедување на материјалните траги од местото на настанот, вршење на поголем број на вештачења, како и обдукција на телото на починатата жена.

Дејствијата што ги презема Основното јавно обвинителство – Охрид продолжуваат во насока на расветлување на настанот, како и откривање на засега непознатиот сторител на кривичното дело.​

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1