Полицаецот кој вчера беше ранет од огнено оружје позади „Мавровка“ се здобил со прострелна рана во рамото и по укажаната лекарска помош на Скопските клиники тој е пуштен на домашно лекување, информираат од Министерството за внатрешни работи, пренесува Телеграф.
Инцидентот се случил во 23:10 часот позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. На полицаецот му пришле две непознати лица кои пукале во него.
Полицаецот не бил на должност ниту носел униформа. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на инцидентот.
Фото – Алсат