Дете без знаци на живот донесено во дебарската болница


Во Општата болница во Дебар, вчера попладне донесено е десетгодишно дете од областа Голо Брдо без знаци на живот.

– Нешто по 18 часот во нашата болница беше донесено дете кое не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење во вода. На телото на детенцето немаше траги на насилство,-изјави Баки Алили, директор на дебарската општа болница.

Според локалната албанска полција станува збор за А.Д.(10), по потекло од селото Мало Острени, кое живеело во Драч, а било дојдено на гости кај неговите роднини.

Немилиот настан се случил во 17:20 часот, кога за да се разлади влегло во водата од резервоарот на малата централа во селото и почнало да потонува.

Детето веднаш било извадено од вода и поради близната било транспортирано во Општата болница во Дебар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1