Најновиот случај се случил во Австралија кога дете играјќи си со играчка која добило од родителите изгубило 75% од својот вид, треба да биде лекција за сите родители!
Сигурно и вашето дете си има играно со оваа играчка, барем еднаш. Многу е популарна кај младите, но и кај постарите!
Тоа е ласерски зрак, играчка која ја сакаат децата, зашто пушта светлосен сноп во боја на голема оддалеченост. Најлошо од се е тоа што детето тоа го прави пред очите на своите родители, кои свесно учествуваат во неговото оштетувањето на видот.
Ден за ден, детето се помалку гледало. Шестгодишното дете морало да биде одведено на офталмолог, каде со преглед биле утврдени изгореници на задниот дел од двете очи.
Детето не трпело никакви болки, но на крајот сепак останало со 25% од видот.