Дете пред 25 години исчезна во Грција, сега се обновува истрагата


Британската полиција, во соработка со грчките власти, почнаа нова истрага за исчезнувањето на малечкиот Британец, Бен Нидам, за кого нема никаква трага повеќе од 25 години.

Во јули 1991 година, Нидам кој тогаш бил на 21-месечна возраст, престојувал на одмор, со својата мајка и со бабата и дедото, на грчкиот остров Кос.dete-grcija

Од 21 јули, таа година, малечкото дете се води како исчезнато. Сите обиди, прво на грчката полиција, а потоа и на британската, да се најде детето и да се открие мистеријата околу неговата судбина, досега немаат дадено никаков резултат.

Нидам и натаму се води како „исчезнат“ иако од подамна постои сомневање дека детето, најверојатно, е убиено без разлика што полициите и на двете земји не успеале да ги откријат ниту неговото тело, а ниту трагите каде тоа би можело да закопано.

Истрагата е обновена откако полицијата има добиено нови сознанија и нови траги за кои се верува дека се многу „поцврсти“ од сите досегашни.

Еден пријател на грчкиот граджник од Кос, Констатинос Баркас, сега тврди дека малечкиот Британец бил убиен во несреќен случај, а неговотио мртво тело „во паника“ Баркас го закопал.

Според овој извор на полицијата, Баркас ненамерно го усмртил Нидам , работејќи со својот багер, без да знае дека на локацијата на која работел, играло детето.

Минатата година, Баркас починал, а неговата вдовица, Варвара ги отфрлила обвинувањата дека нејзиниот покоен сопруг е убиец.

Во обновената истрага на трагање и ископување, за да се најдат посмртните останки на детето, се вклучени 19 британски експерти, за кои весниците во Лондон пишуваат дека ќе им бидат потребни 10 до 12 денови.

Мајката на Нидам и полицијата, упатиле апел преку грчката телевизија за помош во најновата истрага, околу разрешувањето на мистеријата што трае четврт век.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1