Седумгодишното дете чии родители утрово загинаа во сообраќајна несреќа кај Удово се наоѓа во тешка здравствена состојба, објави Тв Нова повикувајќи се на болнички извори.
Детето, момченце поради сериозноста на повредите, е пренесено на КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Од болницата не можеа да кажат со какви повреди се здобило момчето, но според неофицијални информации имал тешки повреди во пределот на градниот кош и стомакот. Според неофицијални информации се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Со него во болницата се наоѓаат неговите баба и дедо, кои во секој момент очекуваат добри вести.
Сообраќајката се случи утрово околу 7 часот на патот Удово – Демир Капија, кај месноста Свети Петка. Во неа учествуваа автомобил „фиат сеиченто“ и автобус на „Струмица експрес“. На самото место почина мајката Б.П., а таткото Н.П., кој го возел автомобилот, почина подоцна во болница.
Според неофицијални информации има повредени и други патници, но не сер знае дали се од автобусот или од другите возила. Но повредените двајца се со полесни повреди и во шок ..
Инаку, родителите биле на возраст од околу 40 години, живееле во скопски Капиштец, а повреденото момче им било единствено дете.