Постојат индиции дека вечерашнава детонација во кругот на Владата е иста како детонацијата која се случи пред неколку месеци, кога со проектил беше погоден владиниот објект, објави Нетпрес повикувајќи се на извори од полициската истрага.
-Нашите извори, неофицијално велат дека е веројатно и овој пат посакуван таргет на детонацијата да била Владата на Република Македонија, пишува НетПрес.
Инаку, на 28 октомври, лани, објектот на Владата беше цел на напад, при што кон него беа испукани два проектила од кои еден заврши во една од зградите на објектот.