Деца ископале тело на бебе додека си играле во песокот (Видео)


Децата кои си играле на таа плажа во Сиднеј наишле на тело од починато бебе во песокот, соопштила денес австралиската полиција, само една седмица откако било пронајдено новороденче кое плачело во шахта.

Телото на бебето било откриено вчера, кога две деца на возраст од шест и седум години, играле во песокот во 10 часот наутро по локално време, на јужниот крај од плажата Марубра во источен Сиднеј.sidnej bebe

Не била објавена информација за возраста на бебето, ниту колку долго било закопано во песокот, на 30 сантиметри длабочина.

Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс навела дека го обезбедила местото на злосторството, на познатата и многу посетена градска плажа. Додале и дека очајнички трагаат по мајката на мртвото бебе.

Највисоко рангираниот полицаец во оваа австралиска држава пратил молба до мајката на пронајденото бебе да се јави во полиција.

Аутопсијата покажала дека бебето е девојче, а полицијата врши интензивна претрага во болничката евиденција, разговара со групи за поддршка на мајки и анализира документи за новороденчиња, објавено е на австралискиот портал News.

Минатата седмица една мајка била обвинета за обид за убиство откако наводно ја оставила својата ќерка во канализација во сиднејското предградие Кукерс Хил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1