Деца во Грција пронашле пари кои и припаѓале на една старица која ги имала сокриено, надевајќи се дека на тој начин ќе ја спаси својата заштеда од економската криза
Децата ја пронашле торбата во која имало 43.000 евра додека си играле во напуштена зграда во грчкиот град Јањини.
Станарите на околните згради повикале полиција, бидејќи виделе како децата си играат со пари и како кинат банкноти. Утврдено било дека парите и припаѓаат на една 83 годишна баба која ги сокрила.
Жената парите ги повлекла од банка пред три години, затоа што се плашела дека поради кризата нејзината заштеда ќе пропадне. Рекла дека не е сигурна колку пари имала, и додала дека во нејзината торба имало меѓу 50 и 70 илјади евра.
Економската криза натера многу Грци својата заштеда да ја подигнат од банките и да ги преместат во странство или да ги сокријат во своите домови.