,,Деца невести,, има и во Македонија – дури 13 насто бракови се со малолетнички


Во Македонија од годишно склучени 14 илјади бракови, 13 проценти се малолетнички, во најголем дел склучени со малолетни девојки од ромската заедница.

Влегувањето во малолетнички бракови, е злоупотреба на женското дете со оглед на фактот што малолетничката не може правилно да расудува. Државата ќе воведе едукација со цел зголемување на свеста кај населението да се избегнуваат овие форми на склучување брак.

,,Апелираме младите да дадат отпор и да не прифатат да склучуваат вакви бракови. Ние ќе им помогнеме преку едукација и посебни кампањи,, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Склучувањето вакви бракови се оправдува со традицијата, вредностите и обичаите, но се работи за кршење на човековите права и правата на децата. Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ во Македонија смета дека ниту едно дете не треба да склучи брак пред да наполни 18 години.

Во Македонија склучување брак е дозволено на лица со наполнети 18 години, а може да се дозволи и за лица со наполнети 16 години доколку достигнале духовна и телесна зрелост, за што мислење треба да даде соодветна здравствена установа.
Согласно Кривичниот законик, живеењето во вонбрачна заедница со малолетно лице е кривично дело, а казната од 3 месеци до 3 години затвор.

8 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ОД ВНАТРЕШНИ ПОВРЕДИ ПО ПРВАТА БРАЧНА НОЌ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1