Децата кои изгореа во пожарот биле сами и заклучени во домот


Во пожар на куќа на улица Даре Џамбаз б.б кај последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес во пожар на куќе изгореа три малолетни деца на една, две и четири години.

Според информацијата од СВР Велес, пожарот бил пријавен после 16 часот. На местото на пожарот веднаш излегле противпожарната единица, екипа на СВР Велес и лекарска екипа на Брза помош.

– Кога стигнале помошта децата кои биле сами во куќата веќе биле изгорени и за жал немало можност да бидат спасени. Кога избувнал пожарот децата биле сами и заклучени во куќата. Нивните родители ги заклучиле дома и излегле да пазаруваат во продавница – појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Полицијата врши истрага за причината на пожарот и за оваа семејна трагедија која ги потресе граѓаните на Велес.

– Пожарот е пријавен од граѓани кај нас во 16:05 минути. Ние отидовме со противпожарното возило џип, а пожарот беше во трошната куќа која е на непристапен терен во шума во високиот дел од градот за последните куќи. Стасавме заедно со родителите кои биле да пазарат во продавница, а ги оставиле децата сами дома. Покривот беше паднат и ние гаснавеме, заедно со нас беше и таткото. А кога изгаснавме мислевме дека децата избегале, но за жал ги најдовме склупчени во едно ќоше, прво ги најдовме целосно задушени од огнот и изгорени – двете девојчиња на две и четири години, а потоа малку понатаму и најмалото едногодишно девојче. Глетката беше страотно. Во куќата немаше ни вода ни струја. Во куќата имаше многу пластични шишиња кои ги собирало семејството, а кое било социјално загрозено – вели Љубчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1