Двете деца што биле сведоци на грозоморното убиство на својата мајка Наташа Ристиќ (34) и на тетката Билјана Богдановска (31), завчера во скопски Аеродром, се згрижени кај татко им“. Пред влезот во зградата се сретнавме со соседот, кој прв ги видел децата, а потоа повикал брза помош и полиција, .
– Се враќав дома и пред влезот ги видов дечињата како се тресат и плачат. Машкото само плачеше и ништо не зборуваше, а девојчето плачејќи ми кажа дека некој чичко ја убил мајка им, а пукал и во тетката. Ми рече „мама е убиена, ама оди види може тета е жива“. Но не кажаа дека има уште еден мртов. Децата се тресеа и беа во шок. Тогаш дојде соседот од третиот кат и ги зеде децата кај него дома, а јас повикав полиција –изјави за Дневник станар од зградата
Сосетката на убиената вели дека Наташа била грижлива мајка. Според неа, убиецот често доаѓал кај неа дома.
– Доаѓаше често кај неа, а неколкупати ги видов како заедно влегуваат или излегуваат од влезот. Половина час пред убиството го видов како отиде кај Наташа, но за само неколку минути излезе од влезот. Не го видов кога се вратил ниту чув пукање. Но кога ги изнесуваа мртвите тела, по патиките што ги носеше го познав дека е тој – вели сосетката.
Таа додаде дека мајка и на Наташа се грижела за децата додека таа била на работа.
– Наташа работеше во продавница во близина, но од пред околу еден месец веќе не работеше. Додека таа беше на работа, мајка ~ доаѓаше овде и се грижеше за децата. Иако беа разведени со сопругот, и тој доаѓаше да ги гледа децата. Греота е ова што се случи. Две сестри убиени во еден ден. Билјана не беше ниту мажена – ни рече сосетката.
Пријателка на убиената Наташа, која го познавала и Игор, вели дека двајцата биле во љубовна врска од почетокот на годинава. Според неа, тој многу ја сакал Наташа и со неа никогаш не бил агресивен, но бил многу љубоморен. Сериозните проблеми за Наташа почнале пред една недела, кога Наташа решила да ја прекине врската.
– Не можеше повеќе да го издржи притисокот. Ја следеше на работа, чекаше пред дуќанот каде што работи, одеше кај неа дома кога ќе посака. Пред една недела реши да го остави, но тој продолжи да ја следи секаде каде што оди. За да побегне од него, таа реши да замине од Скопје. Му кажа дека ќе оди во Грција на одмор, но Наташа и децата планираа да одат во Ресен, каде што таа има куќа. Другарка ми беше многу позитивна личност, а децата ~ беа се на светот – открива пријателката за Дневник
Последен пат со Наташа биле заедно во саботата, кога го славеле роденденот на пријателката.
– Тогаш, од страв да не ~ направи нешто, јас ја зедов со кола кај мене на гости, а потоа ја вратив дома. Со Игор се запознавме пред Нова година во дискотека во населбата Kолонија, каде што Игор работеше како обезбедување. Набргу по средбата двајцата почнаа врска – вели пријателката на Наташа.