Децениска тајна: Запознајте го снајперистот кој го уби Осама Бин Ладен


Американската телевизија „Фокс њуз“ најави дека ќе емитува екслкузивно интервју со припадникот на специјалната единица „Морнарски фоки“ кој воедно го уби и најозогласениот терорист на сите времиња, Осама Бин Ладен.

И порано припадници на специјалната американска единица објавуваа дека го убиле терористот, па останува нејасно кој е вистинскиот убиец.bin-laden

Интервјуто ќе го води Питер Дуси, а целото интевју ќе биде вметнато во документарниот филм „Човекот кој го уби Осама Бин Ладен“.

За снајперистот веќе има одредни информации, сепак овој пат тој ќе изнесе некои тајни кои до сега не се знаеле за мисијата „Копјето на Нептун“ во кој е убиен Бин Ладен.

Тој ќе соопшти детали за неочекуваниот пад на едниот хеликоптер, како и од што најмногу се плашеле таа ноќ. Ќе бидат пренесени и сите детали за акцијата која тогаш во живо ја гледале во Белата куќа.Osama-bin-Laden-007

Во сооопштението се наведува дека снајперистот ќе открие и што се случувало во последните моменти пред да го убијат.

Да потсетиме дека и претходно имаше објавено интервјуа од специјалци кои тврдеа дека тие го убиле озогласениот терорист.

Пензионираниот припадник на специјалната единица „Фоки“, Мер Бисонет опишал детали за тоа како во 2011 го убил шефот на Ал Каеда. Тој целата акција ја пренел во книгата „Нема лесен начин“ и според неговите тврдења тој го застрелал во чело, во моментот кога Бин Ладен ја подал главата низ вратата од својата скривница во Пакистан.binladen4

-Крв и делови од мозокот беа распрскани околу неговата распукана глава. Додека умираше негово тело се грчеше, напишал снајперистот.

Тој и уште еден негов соборец му испукале уште неколку рафали во градите се додека не престанал да се мрда.

Најамлку три деца биле присутни за време на убиството и биле во целосен шок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1