Обвинетиот поранешен помошник министер во МВР Ѓоко Поповски виновен е за кривичното дело злоупотреба на службената положба. Судот го осудува на казна затвор од девет години.Ваквата пресуда денеска во новата зграда на Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска која е претседателка на судечкиот совет во случајот „Триста“.
Покрај тоа тој треба да ги плати судските трошоци од речиси 250.000 денари, како и да ја надомести штетата направена врз МВР од 27.894.522 денари во рок од 15 дена откако пресудата ќе стане правосилна.