Сопругата на норвешкиот мултимилионер , Ане- Елизабет Фалкевик Хаген (68) исчезната на 31 октомври минатата година од својот дом во близина на Осло.
Од тогаш трае истрагата , која се држела во тајност поради сериозните закани од киднаперите. Тие бараат 9 миолиони евра за нејзниното ослободување , а парите сакаат да им бидат исплатени во криптовалутата Монеро.
Богатството на бизнисменот Том Хаген се проценува на околу 174 милиони евра, а ги заработил во секторите недвижности и енергетика. Тој е на 172 место на најбогатите Норвежани , според списанието ,,Капитал” .
Полицијата соопштува дека нема сигурен доказ дека киднапираната жена е на сигурно место, а на сопругот му советувале да не ја прифати понудата на киднаперите.
Според норвешките медиуми , од кои дел знаеле за случајот но не сакале да објавуваат поради заштита на жената , таа била грабната од нејзината бања , а комуникацијата со киднаперите се одвивала накусо и преку интернет.